Започна аплицирањето за субвенции за соларни колектори и ПВЦ прозорци

- Advertisement -

Започна аплицирањето на домаќинствата за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци и за сончеви термални колекторски системи, информира денеска Министерството за економија. Мерките се дел од Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година, чиј носител е Министерството за економија.

Огласот за овие субвенции е објавен на 30 март и ќе трае до крајот на август, но доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен’’, сѐ до искористување на предвидените средства за оваа намена.

- Advertisement -

Така, за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство за 2018 година обезбеден е буџет во износ од 30.000.000 денари.

Надоместот на дел од средствата за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе можат да го остварат лица кои во своите домови имаат купено и вградено ПВЦ или алуминиумски прозорци, во периодот од денот на објавувањето на јавниот оглас, под услов  да не  го искористиле правото на поврат на дел од средствата за таква намена минатата година.

- Advertisement -

За мерката за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2018 година, која се спроведува по деветти пат, буџетот изнесува шест милиони денари. Условите остануваат исти како и претходните години, односно се надоместуваат до 30 проценти од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност по домаќинство.

За таа мерка можат да аплицираат сите домаќинства кои имаат купено и вградено во своите домови колекторски систем во периодот на траење на јавниот оглас и досега не користеле пари по тој основ.

- Advertisement -

Барањата за искористување на правото на надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да се достават во затворен плик до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15 по пошта, или во архивата на Министерството, секој работен ден од 9:30 до 15:00 часот, со назнака за огласот за кој се аплицира.

 

Сподели!
- Advertisement -