Илон Маск успева симултано да лансира ракети, да произведува електрични автомобили и се обидува да ја колонизира Марс. Како таков, тој често пати ги пропушта зададените рокови, а понекогаш се соочува со ситуации кои го враќаат назад. Но тој успева да ги прифати своите неуспеси, бргу да извлече лекција од нив и да ги претвори во успеси. Еве некои лекции кои ги научивме токму од оваа стратегија на Маск.
1. Можно е да се направи повеќе со помалку
Неговата компанија SpaceX произведува ракети кои се многу поевтини за лансирање од постоечките и кои ќе можат да се реупотребат. Со многу помалку средства отколку останатите производители на ракети, SpaceX постигна многу повеќе.
„Причината поради која сум главен дизајнер на ракетите не е бидејќи сакав да бидам, туку бидејќи не можев да најдам некој доволно добар за таа позиција.“, изјавил Маск зборувајќи за самите почетоци на SpaceX.
2. Постојано да се биде посветен на работата
Иако можеби и не е толку здраво тоа што Маск воопшто не зема одмор од работењето во неговите компании, тој е убеден дека работите тргнуваат наопаку во моменти кога тој не е посветен на секојдневните активности.
„Кога првпат решив да земам одмор од една недела од работата во SpaceX, ракета експлодираше при лансирање. Лекцијата беше дека не треба да земам одмори“, се пошегувал Маск.
3. Петтиот пат е најсреќен (барем кога се работи за лансирање на ракетата Falcon I)
Во едно интервју Маск изјавил дека луѓето во НАСА не толерираат неуспех, што според него воопшто не е прифатливо.
„Неуспехот е секогаш опција. Ако понекогаш не доживувате неуспеси, тогаш тоа значи дека не иновирате доволно“, заклучил тој.
4. Чувајте се од гордоста
Во 2016 година во интервју, Маск зборувал за нештата што смета дека сега би ги направил поинаку при производството на автомобилот Model X.
„Грешката беше што ставивме многу одлични опции и карактеристики во производот. Подобра одлука сега би било да ставиме помалку опции, но поефективни. Дефинитивно бевме премногу горди во дизајнирањето на Model X“, рекол тој.
5. Поставете очекувања
„Постои многу голема шанса дека Falcon Heavy нема да стигне до орбитата, но се надевам дека ќе се оддалечи доволно од местото на лансирање, тоа исто така ќе биде успех“, изјави Маск минатата година кога SpaceX го најави лансирањето на најголемата ракета до тогаш, Falcon Heavy.
Ракетата беше успешно лансирана во февруари годинава.
6. Ако сакате нешто да се направи како што треба, направете го сами
Кога Tesla го развиваше автомобилот Model 3, батериите за производството ги набавуваа од кинески добавувач кој ги изневери со тоа што не ја достави пратката на време. После оваа ситуација Маск видел дека не може да зависи од други фактори и решил дека Tesla сама ќе си произведува батерии.
7. Роковите не се толку важни
„Ние го градиме првиот вселенски брод за меѓупланетарни патувања или за до Марс и сакаме да почнеме со кратки летови до крајот на првата половина следната година. Иако, некогаш моите рокови се… знаете“, се пошегувал Маск при неговото обраќање на SxSW овој март.
Но она што е уште поважно е и покрај нереалните рокови, да останеме силно фокусирани на зацртаната цел.