Науката вели дека сте најкреативни кога сте поспани

- Advertisement -

Марике Вит и Роуз Зекс направиле истражување во коешто вклучиле 428 студенти, при што студентите морале себеси да се класифицираат како личност која најмногу го сака утрото или вечерта, а потоа решавале бизнис проблеми и одговарале на аналитички поставени прашања. Резултатите покажале дека тие кои се сметале себеси за утринска личност подобро ги решавале проблемите навечер, додека вечерните типови подобро ги решавале проблемите наутро. Со други зборови, колку била поголема поспаноста, толку била поголема и нивната креативност. Чудно, нели?

Исто така според Вит, кога ќе почнете да се чувствувате уморно, мозокот потешко ги филтрира работите кои ви одвлекуваат внимание и потешко се фокусира, што би значело дека тогаш можете да размислувате за неповрзани информации и потенцијални резултатите да ги интерпретирате на поинаков начин. Резултатите од истражувањето довеле до сознанието дека не постои точно одредено време кога сме најкреативни, туку тоа зависи од личност до личност и од нивната рутина.

- Advertisement -

Пожелно е и да може да се препознае кога членовите на тимот се чувствуваат уморно или енергично за подобро да се координира нивната работа и да се извлече максимум од секој поединец. Постои можност да се дозволи секој вработен да го направи својот дел од проектот кога ќе почувствува намалена енергија, а не да се форсираат да бидат активни сите во исто време. Најголем дел од вработените денес ја ценат автономијата и флексибилноста на работното место.

- Advertisement -

Додека ова истражување не се базира на некоја поширока слика за секој поединец, не треба да го заборавиме сопствениот „ultradian“ ритам. Тој ритам е присутен за време на спиењето, но и кога сме целосно будни и нашиот мозок преминува од периоди со висока фреквенција на ниска фреквенција на активност. Тоа се случува на секои 90 минути. Значи, ако имате задача која содржи креативни и аналитички елементи, ако е возможно, креативниот дел оставете го за крај, која мозокот природно ќе се префрли во фаза на одмор затоа што се очекува тогаш побрзо да дојдете до креативно решение на проблемите.

Сподели!
- Advertisement -