Холандската компанија MX3D официјално го претстави првиот 3Д печатен челичен мост во светот. Потребни биле 4 роботи, речиси 4,5 тони челик, околу 1.100 километри жица и шест печатење за да се направи оваа необична структура, која изгледа како од научно-фантастичен филм.
Мостот на MX3D е дизајнирана од Јорис Ларман Лаб. Висок е околу 2 метри, а широк е 6 метри и е направен од нов вид челик. На мостот се забележува како роботите додавале слој по слој, а компанијата MX3D плнаира да го задржи тој уникатен изглед, пренесува Inhabitat.
„По малку ни изгледа како да сме дел од некоја измислена приказна затоа што мостот изгледа сосема поинаку од се друго. Работиме во индустриско стовариште за бродови каде што се има некоја геометриска форма, а мостот нема ниедна права линија“ велат од компанијата.
Целта на MX3D со овој проект е да се покажат потенцијалните примени на технологијата за 3Д печатење со повеќе оски. Тие велат дека опслужуваат компании од полето на архитектурата и од тешката индустрија кои работат и на копно и на вода. Нивната крајна визија е роботи да креираат лесни конструкции – не само мостови или згради, туку и колонии на Марс.
Мостот на MX3D ќе биде поставен над каналот Аудезејдс Ахтебургвал во Амстердам во 2019 година. Пред тоа мостот ќе помине повеќе тестови. Соосновачот Гиџ ван дер Велсен вели дека го тестираат мостот со 30 луѓе и досега се покажал одлично.