Facebook нуди награди доколку откриете апликација која ги злоупотребува податоците на корисниците

- Advertisement -

Во пресрет на сведочењето на шефот на Facebook, Марк Цукерберг, од компанијата објавија дека стартувале програма за дојавување каква било злоупотреба на податоци, пренесува Zimo. Data Abuse Bounty, како што ја нарекоа програмата, е инспирирана од постојните програми за наградување за пронајдени „бубачки“ односно грешки во самите кодови. Од Facebook се надеваат дека програмата ќе им помогне да ги идентификуваат лицата или компаниите кои ја кршат нивната политика на користење и пристап до социјалната мрежа.

Програмата ќе ги наградува луѓето кои имаат информации и докази за случаи во кои апликации од платформата на Facebook собирале и испраќале кориснички податоци на трети страни за потоа да бидат продадени или искористени за измама или политичко влијание. Иако не постои максимален износ, од Facebook објавија дека за некои откриени „бубачки“ досега плаќале и по 40.000 долари.

- Advertisement -

Додаваат и дека доколку се открие злоупотреба на податоци, ќе се изгаси апликацијата која ги злоупотребувала и ќе се преземат правни мерки против компанијата која ги продава или ги купува податоците. Исто така, ќе платат награда на тој што им укажал на криминалот, односно ќе ги предупредат сите корисници чии податоци биле загрозени.

Сподели!
- Advertisement -