Корисниците на Facebook отсега ќе мора да прифаќаат таргетирани реклами и огласи

- Advertisement -

Facebook соопшти дека од корисниците ќе бара да прифаќаат таргетирани реклами и огласи како услов за користење на услугите кои ги нуди компанијата. Станува збор за помагање за одржување на компанискиот бизнис модел во голема мера непроменет и покрај новиот закон за заштита на приватноста кој наскоро ќе го воведе Европската унија.

Од следниот месец на стила стапува закон во државите од ЕУ со кој се очекуваат најголемите промени на приватноста уште од почетокот на Интернетот, Klix.ba. Компаниите се соочуваат со парични казни доколку собираат или користат податоци за корисниците без нивна дозвола.

- Advertisement -

Роб Шерман, заменик директор за приватност во Facebook, изјави дека оваа социјална мрежа од утре ќе почне да бара дозвола од Европејците за различните начини на кои Facebook ги користи нивните податоци, но нагласи дека нема да може да се избегне таргетираното огласување и реклами.

„Корисниците на Facebook ќе можат да го ограничат типот податоци коишто огласувачите го користат за таргетираните реклами, но сите огласи на Facebook веќе се во некоја мера таргетирани, а тоа важи и за офлајн огласувањето“ истакна Шерман.

- Advertisement -

„Екрани на дозвола“ е техниката коај ќе ја користи Facebook, а станува збор за страници исполнети со текст за кои е потребно да се притисне копче за да се продолжи понатаму, а служи за известување и добивање одобрение. „Екраните ќе се појавуваат на страницата на Facebook и на апликациите за паметен телефон во Европа од неделава, а глобално ќе бидат достапни во текот на наредните месеци” заклучува Шерман.

Сподели!
- Advertisement -