ВИДЕО: Прстен го претвора вашето тело во батеријa

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Колорадо во Боулдер објавија статија во списанието Science Advances во која претставуваат евтин преносен уред кој може да се носи како прстен или алка, а во себе поседува термоелетричен генератор, чија улога е конверзија на внатрешната топлина од телото во електрицитет.

Уредот кој го развија моментално е во фаза на протитип и може да создаде околу 1 волт енергија за секој квадратен сантиметар од кожата, што е помалку од сегашните батерии, но уште е доволно за напојување на мали електричмни уреди како што се часовници и фитнес алки.

- Advertisement -

Најновата иновација во тој преносен уред е растегливиот материјал наречен полинин. Во него научниците вградија серија термоелектрични чипови и ги поврзаа со метални жици. Конечниот производ изгледа како мешавина од термоелектрични чипови и метални жици.

Фото- Colorado.edu

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Designboom screenshot)

Сподели!
- Advertisement -