Volkswagen продава маски за iPhone направени од уништени возила во незгоди предизвикани од користење телефон

- Advertisement -

Компанијата Volkswagen почна да продава маски за iPhone кои се напраатоци од уништени автомобили во незгоди предизвикани од користење телефон во текот на возењето. Пишувањето пораки за време на возењето е многу опасно и може да биде смртоносно. Тргнувањето на погледот од патот дури и на една секунда за да се прочита или да се испрати порака е доволно за автомобилот пред вас да застане, да се појави пешак или на семафорите на крстосница да се запали црвено светло, пишува Klix.ba.

Во Шведска е усвоен закон кој забранува возење автомобил со телефон во рака. Меѓутоа, бројот на сообраќајни незгоди во Шведска не се намалува. Затоа Volkswagen одлучи да ја подигне свеста на Швеѓаните за опасностите кои ги носи користењето телефон за време на возење и се здружи со компанијата NordDDB со цел да произведе маски за iPhone 8 од метални делови од уништените автомобили во сообраќајни несреќи кои настанале поради користење мобилен телефон во текот на возењето.

- Advertisement -

„Знаеме дека лесно се случува да го земете телефонот за да одговорите на повик или да испратите порака, но во тој случај рисикот од сообраќајна незгода е 23 пати поголем. Важно е да сфатите колку е тоа битно. Веруваме дека маските направени од уништени автомобили ќе делуваат на возачите за двапати да размислат пред да посегнат по телефонот за време на возењето. Маските ќе бидат потсетник да се фокусираат на патот и да не прават мултитаскинг“ велат од Volkswagen.

Маските се направени рачно, а секоја од нив е уникатна. Вкупно ќе бидат произведени 153 маски, а сите средства од продажбата ќе бидат донирани на шведската организација Trafikskadefonden, која им помага на луѓето повредени во сообраќајни незгоди. Цената на една маска изнесува 69 долари.

Сподели!
- Advertisement -