Instagram е најлоша социјална мрежа за менталното здравје на луѓето

- Advertisement -

Веќе некое време се полемизира за тоа како социјалните мрежи влијаат на менталното здравје на луѓето, а ега тоа стана и официјално. Научници од Велика Британија спроведоа истражување на таа тема, пренесува N1info.

Тие интервјуирале речиси 1.500 поединци на возраст од 14 до 23 години за тоа како ги користат најпопуларните социјални мрежи – Instagram, Snapchat, Twitter, Facebook и YouTube и како тие влијаат на нивната психа.

- Advertisement -

Истражувањата покажале дека Instagram предничи во поглед на лошото влијание врз менталното здравје, особено кај младите жени. Популарната апликација нуди можност за филтрирање на сите несовршености, поради што корисниците се чувствуваат лошо, депресивно, осамено, неисполнето и несигурно.

Освен тоа, доживуваат и страв дека пропуштаат многу битни работи или таканречен . Тие постојано се оптоварени со помислата дека пропуштаат многу работи кои ги доживуваат другите.

- Advertisement -

Единствената социјална мрежа која добила само позитивни коментари е YouTube. Научниците откриле дека најлошо влијание врз корисниците има користењето на социјалните мрежи повеќе од два часа дневно.

Сподели!
- Advertisement -