Туристите се поголем причинител на глобалното затоплување

- Advertisement -

Домашниот и меѓународниот туризам е одговорен за 8% од емисијата на стакленички гасови, што е 4 пати повеќе отколку што се мислеше порано, се вели во ено најново истражување. Емисијата на гасови од туризмот, најчесто од домашните патници, е најголема во САД, Кина, Германија, Индија, Мексико и во Бразил, се наведува во истражувањето на Универзитетот Сиднеј кое опфаќа 160 земји, а пренесува порталот N1info.

Туризмот, вклучувајќи ги тука летовите, хотелите, храната, па дури и продажбата на сувенири, емитувал 4,5 милијарди тони јаглерод диоксид во 2013 година или 8% од емисијата на сите стакленички гасови чиј извор е човекот. Тоа е голем раст во споредба со 3,9 милијарди тони во 2009 година.

- Advertisement -

Силната експанзија на туризмот во светот ги комплицира глобалните напори да се забават климатските промени. Според претходни проценски, туризмот беше виновен за 2,5 % од 3% од светската емисија на стакленички гасови. Според моменталната состојба, туризмот како индустрија ќе емитува 6,5 милијарди тони јаглерод диоксид до 2025 година и ќе биде најбрзорастечки извор на гасови кои ја загреваат планетата.

Најголем поединечен причинител се авионските летови. Меѓународните летови, особено на долги линии, спаѓаат во брзорастечки сектори и може да ги загрозат обидите да се намали загадувањето на планетата со јаглерод диоксид. Се очекува дека вкупниот број на патници со авион ќе се дуплира на 7,8 милијарди годишно до 2036 година, соопшти Меѓународната асоцијација за аввиосообраќај (IATA).

- Advertisement -

„Препорачуваме помалку летови и повеќе патување по земја, ако е возможно, и да се користи јавниот превоз“ велат авторите на студијата од Универзитетот на Сиднеј. Главниот автор на студијата истакна дека авионските билети треба да бидат многу поскапи за да се покаже каква штета предизвикуваат стакленичките гасови кои ги испуштаат авионите.

Сподели!
- Advertisement -