Основачот на Apple беше главен кога стануваше збор на создавањето производи кои функционираат прекрасно, а изгледаат уште подобро. Тој го посвети најголемиот дел од својот живот градејќи го брендот Apple и беше лидер во иновации. Неговата визија инспирираше неверојатен дизајн, почнувајќи од iMac па до популарниот iPhone.
Ова се петте правила според кои се раководеше Стив Џобс за да ги направи препознатливите производи на Apple.
1. Едноставност
Одличниот производ е оној кој е лесен за користење. „Мора да ги направиме производите очигледни и интуитивни за користење.“, рекол Џобс на една конференција за дизајн уште во 1983 година.
2. Производот како пријател
Првиот Macintosh стартуваше со насмевка на екранот. Според биографот Волтер Ајзаксон, Џобс инсистирал компјутерот „да изгледа пријателски“. Компјутерот навистина наликуваше на човечко лице.
3. Минимализам
Инспириран од зен филозофијата, Џобс ги исфрли сите непотребни нешта од производите, задржувајќи се само на она што е навистина клучно.
4. Прецизност
Џобс беше неверојатно прецизен во неговиот пристап кон дизајнот. Тој не дочека да ја види финалната верзија на неговата супер јахта Венус, но дизајнерот Филипе Старк рекол дека се навраќале неколку пати на деталите за да ги изведат со прецизност.
5. Фокус
Еден проект лесно може да излезе од контрола одложувајќи го крајот. Главниот дизајнер на Apple, Џони Ајв објаснил дека Џобс ги избегнувал непотребните работи: „Да се фокусираш значи да го игнорираш она што е непотребно, а Стив беше неверојатен во тоа.“