Паметниот часовник LumiWatch ја претвора раката во екран осетлив на допир

- Advertisement -

Ако сте замислувале уред кој не мора ни да го допрете за да го користите, тој сега постои – паметниот часовник LumiWatch. Станува збор за прототип развиен на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, кој е целосно функционален, пишува Klix.ba. LumiWatch користи модул за проекција на снага од 15 лумени и сензор за допир за корисникот да добие интерфејс осетлив на допир на својата рака. Доволно е да се допре кожата за да се активира уредот и да ги користи неговите апликации. 

Научниците својот интерфејс го претставија на конференцијата SIGCHI во Канада, а нивниот паметен часовник го има оперативниот систем Android 5.1 и може да се поврзе преку Bluetooth и WiFi. Исто така, има четворојадрен процесор Qualcom од 1,2 GHz, 4 GB флеш меморија и литиум-јонска батерија од 740 mAh.

- Advertisement -

Димензиите на прототипот се 50x40x17 мм, а кога ќе се најде во продажба, ќе чини околу 600 долари.

Сподели!
- Advertisement -