Робот-адвокат идниот месец по прв пат ќе брани обвинет на суд

- Advertisement -

Роботот-адвокат работи со помош на вештачка интелигенција, а идниот месец по прв пат ќе се најде во улогата за која е создаде – на суд ќе помогне обвинет за сообраќаен прекршок да се спаси од казна.

Извршниот директор на компанијата DoNotPay, Џошуа Боудер, вели дека оваа вештачка интелигенција работи со помош на паметен телефон. Роботот слуша судски аргументи и формулира одговори за обвинетиот и преку слушалки му кажува што да одговори во реално време.

- Advertisement -

Роботот-адвокат својот прв случај ќе го преземе на 22 февруари, потврди Боудер на Twitter, но не откри кое е името на клиентот, ниту во кој суд ќе се одвива судењето.

„На 22 февруари ќе се пишува историја. По прв пат во историјата робот ќе застапува некого во судница во САД. DoNotPay вештачката интелигенција ќе му шепне на уво точно што да каже. Резултатите ќе ги објавиме и ќе ги споделиме со сите откако ќе се случи парницата. Посакајте ни среќа“ напиша Боудер на Twitter.

- Advertisement -

Инаку, компанијата DoNotPay се занимава со вештачка нтелигенција и веќе користеше писма и чет-ботови генерирани со вештачка интелигенција за да им помогне на луѓе да си вратат пари наплатени за WI-FI во текот на летови, кога не бил ни вклучен. Тие користеле шаблони, а добиле повеќе од 2 милиони спорови за корисничка поддршка и судски спорови во име на поединци против институции и организации.

Нивниот изум може легално да се користи во некои судници, но во најголем дел од судниците не е дозволен. Адвокатите, исто така, не го поддржуваат.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -