Apple планира да направи iPhone со 3 задни камери?!

- Advertisement -

Се чини дека две камери повеќе не се доволни за еден iPhone. Можно е Apple да  планира да направи најмалку еден модел iPhone во 2019 година кој ќе има три задни камери, напиша тајвански Taipei Times, пренесува DailyMail.

Според извештајот, се цитира компанијата Yuanta Securities, која вели дека Apple ќе лансира iPhone со три и камери од 12 мегапиксели и систем за оптичка стабилизација, така што фотографиите никогаш нема да бидат матни и ќе се прават уште поубави видеа.  

- Advertisement -

Yuanta Securities дошла до таков заклучок по разговори со доставувачот на Apple, Largan Precision, кои произведуваат леќи за паметните телефони на технолопкиот гигант.  Тие предвидуваат дека ако Apple одлучи да направи iPhone со три камери, тогаш другите производите на паметни телефони како Samsung и Huawei ќе го следат тој пример.  

Најновите iPhone X и iPhone 8 Plus имаат двојна задна камера од 12mp. Тројната задна камера би можела да најде многу различна примена, како, на пример, подобрување на квалитетот на фотографиите при слаба светлина. Исто така, ќе може да се користи за понапредни системи за мапирање, кои, пак, ќе ги подобрат ARKit апликациите и ќе овозможат нови ефекти.

- Advertisement -

Ова не се првите навестувања дека Apple планира да направи систем со три камери. Минатиот месец тајванскиот весник Economic Daily News напиша дека Apple планира да го направи телефонот со 3 задни камери до 2019 година. Овие камери би овозможиле новиот телефон да има моќен оптички зум од 5x наспрема сегашниот од 2x.

Сподели!
- Advertisement -