Балеарските Острови сакаат да станат најеколошка туристичка дестинација во Европа

- Advertisement -

Шпанските Балеарски Острови си зададоа навистина амбициозна цел – да станат „најзелената“  туристичка дестинација во Европа и да користат 100% обновлива енергија до 2050 година.

Мајорка, Менорка, Ибица и Форментера планираат да ја забранат употребата на пластика за еднократна употреба до 2020 година, како и да ги затворат сите фабрики кои работат на јаглен.

- Advertisement -

Плановите на четирите острови се навистина екстремни. Слично на американската сојузна држава Калифорнија, и на островите ќе биде задолжително сите новоизградени куќи и згради да имаат соларни панели на покривите.

Од 2025 година натаму ќе биде забранета и употребата на дизел возилата, а забраната за бензинците ќе стартува од 2034 година. Сите улични светилки ќе бидат заменети со енергетски ефикасни ЛЕД светла.

- Advertisement -

Што мислите, дали „зелената политика“ на една земја може да влијае врз одлуката на луѓето каде ќе одат на одмор?

Сподели!
- Advertisement -