Product Hunt Meetup кој ќе се одржи во комбинација со Womenpreneurs Stories овој четврток во Скопје го најави првиот атрактивен говорник – Каролин Н. Спенсер, програмски менаџер во Amazon.
Настанот кој е прв од ваков тип во Македонија и кој ќе ја опфати тематиката како да се развие успешен производ, ќе има неколку иновативни сесии и панел дискусии, а учество ќе земаат четири говорници кои работат како продукт менаџери, како и три панелисти кои имаат искуство со лансирање на производ направен во Македонија.
Првонајавената говорничка Каролин Спенсер има експертиза во истражување на пазари и корисници врз чија основа два препораки за креирање успешен продукт. Моментално престојува во Македонија како дел од програмата #SwissEP Entrepreneur-In-Residence, а доаѓа од Сиетл, САД. Пред да стане програмски менаџер во Amazon, работела и како маркетинг менаџер во компанијата.
На настанот Product Hunt Meetup, во нејзиното обраќање ќе се фокусира на имплементирање иновации за развивање на производ и во компаниите.
Product Hunt Meetup ќе се одржи овој четврток, на 31 мај во Јавна соба во Скопје, со почеток од 17 часот.
За да присуствувате на настанот, потребно е да си набавите влезница преку платформата на Grouper на следниов линк која чини 300 денари. За повеќе информации, следете на Фејсбук настанот за Product Hunt Meetup Skopje.