Жители на Малезија одлучија да соберат пари за намалување на државниот долг кој моментно изнесува околу 80 отсто од БДП или околу 250 милијарди долари. Во првиот ден од кампањата се собрани 1,76 милиони долари, пишува Business Insider.
Кампањата именувана како Malaysia Hope Fund ја покрена еден 27-годишен жител кои рече дека е „многу горд на својата држава“ и кампањата привлече внимание и интерес во целата држава и во владата.
„Граѓаните доброволно делат свои пари со владата за да ни помогнат да го решиме овој тежок товар“, изјавил министерот за финансии на Малезија Лим Гуан Енг, кој додал дека овој начин собирање пари е „симпатичен и транспарентен“.
Покрај оптимизмот кај обичните граѓани во Малезија, економските експерти не се толку ентузијасти. За враќање на огромниот долг предлагаат поефикасни начини – редовно плаќање на даноците и купување домашни производи.