ОН: Во градовите во 2050 година ќе живее 68% од светската популација!

- Advertisement -

До 2050 година, 68% од светската популација ќе живее во градови во однос на 55% денес, покажа истражувањето на ОН, кое предвидува уште повеќе мегаполиси во иднина.

Проекцијата покажува дека 2,5 милијарди лица можат да го зголемат населението во урбаните подрачја во тој рок. Околу 90% од тоа зголемување ќе се случи во Азија и Африка, прецизира истражувањето спроведено од специјалниот оддел за економија и социјални работи при ОН.

- Advertisement -

Зголемувањето на урбаното население ќе биде концентрирано во неколку земји, наведува извештајот. Индија, Кина и Нигерија заедно ќе претставуваат 35 отсто од зголемувањето на градовите меѓу 2018 и 2015 година.

До 2050 година Индија ќе има 416 милиони жители повеќе, Кина 225 милиони и Нигерија 189 милиони.

- Advertisement -

Населението во градовите пораснало за 751 милиони лца од 1950 година, на 4,2 милијарди 2018 година. До 2030 година ќе има 43 градови со повеќе од 10 милиони жители.

Токио денес е најголем град со 37 милиони жители, потоа следува Њу Делхи 29 милиони, Шангај 26, Мексико и Сао Паоло по 22 милиони, Каиро, Бомбај, Пекинг и Дака имаат близу 20 милиони жители.

- Advertisement -

Во текот на следните две години населението во Токио би требало да бележи пад, додека Њу Делхи треба да стане најмногуброен град во 2028 година.

Сподели!
- Advertisement -