Huawei развива виртуелен асистент кој ќе ги разбира вашите емоции

- Advertisement -

Huawei развива персонален асистент на кој вештачка интелигенција би му овозможила да реагира на емоциите на своите корисници. Персоналните асистенти на паметни телефони и на други уреди се ограничени на едноставни задачи како давање информации за времето или стартување апликации. Huawei развива технологија која ќе го смени начинот на кој луѓето разговараат со виртуелните асистенти и со развојот на нова генерација вештачка интелигенција ќе создаде асистент кој ќе ги исполнува и емоционалните потреби на корисникот, пишува Zimo.

Идејата софтвер да може да го препознае расположението на корисникот и да одговори на соодветен начин се вика емоционална вештачка интелигенција. На пример, доколку асистентот препознае дека корисникот е осамен, ќе разговара со него. Предуслов за целосен развој на ваквите услуги е софтвер кој нема само висок коефициент на интелигенција, туку и емоционална интелигенција. Таквиот софтвер мора да го разликува расположението на корисникот за да не направи грешка во реакцијата.

- Advertisement -

Huawei смета на брз напредок во овој сегмент благодарение на платформата HiAI, односно целосно отворениот, практичен екосистем кој вклучува Cloud услуги и напредни уреди од новата генерација. HiAI платформата е база за независни девелопери кои можат заедно со Huawei да развиваат решенија и услуги на база на вештачка интелигенција, но и со максимално почитување на приватноста.

Сподели!
- Advertisement -