Прогласен Светски претприемач на годината, во конкуренција беше и Хрватот Мате Римац

- Advertisement -

Рубенс Менин, претприемач од Бразил, вчера беше прогласен за Светски претприемач на годината на церемонија во Монако која беше организирана од консултантската куќа Ernst & Young, објави Forbes. Менин е познат претприемач кој се занимава со градежништво во Бразил, а според магазинот, денес 1 во 200 луѓе во Бразил живеат во дом изграден од неговата компанија.

Во триесетгодишната историја на доделување на ова признание, Менин е првиот победник од Јужна Америка.

- Advertisement -

Номиниран и хрватскиот претприемач Мате Римац – единствен од регинот

Годинава, Ernst & Young номинираше 56 кандидати од вкупно 46 земји од светот, а меѓу номинираните се најде и познатиот хрватски претприемач Мате Римац, основачот на компанијата Rimac Automobili која произведува електрични автомобили.

- Advertisement -

Римац особено го привлече вниманието на бизнис светот кога го претстави моделот Concept Two кој моментално е најбрзиот електричен автомобил во светот.

- Advertisement -

Сите номинирани претприемачи годинава за признанието Светски претприемач на годината, заедно остваруваат околу 26 милијарда долари приход годишно.

Сподели!
- Advertisement -