Porsche купи 10% удел во хрватската компанија Rimac Automobili

- Advertisement -

Еден од најпознатите производители на автомобили во светот, Porsche, ќе инвестира во компанијата на младиот хрватски иноватор Мате Римац за да даде поддршка на неговата компанија, Rimac Automobili. Според изворите од Porsche, германската компанија ќе купи малцински удел од 10%.

Целта на ова партнерство е хрватската компанија да стане лидерски доставувач на технолошки решенија за пазарот на електрични автомобили со високи перформанси и производител на највозбудливите спортски електрични автомобили, пренесува SEEBiz.eu.

- Advertisement -

„За помалку од 10 години собравме значително знаење на полето на развој на автомобилски погони со високи перформанси и батериски технологии, иновативни системи за инфотеинмент и телеметрија, како и други клучни автомобилски системи. Нашите автомобили престатвуваат врв на технологијата и односно го дефинираат поимот супер спортски автомобили“ се вели во соопштението од Rimac Autobomobili.

Додаваат и дека развојната соработка со Porsche AG е битен чекор за стратешкиот план на компанијата – да стане значаен доставувач за големите производители на автомобили.

- Advertisement -

Rimac со своето импресивно знаење ја потврди својата позиција во светот на електрични автомобили.Од Porsche сметаат дека идеите и пристапот на Rimac Automobili се исклучително добри, поради што се надеваат дека ова партнерство за развој ќе биде одличен вовед во поблиска соработка.

Сподели!
- Advertisement -