Словенци направија апликација која ги спасува од топлотен удар децата оставени сами во кола

- Advertisement -

Словенечките компании веќе се одомаќија на платформата Kickstarter, а последни во низата со својата кампања за групно финансирање се студентите Жига Мрзликар и Антон Клемен од љубљанскиот Факултет за електротехника. Тие го претставија уредот Alive, кој помага да се спречи топлотен удар кај децата и животните оставени сами во кола на високи температури.

Системот се состои од сензорен мерен уред и апликација која со пораки известува за температурата во возилото, што овозможува навреме да се спречи лошо сценарио. Иноваторите планираат да соберат 50.000 евра за развој и пласирање на производот на пазарот, за кој можете да издвоите 100 евра за кампањата на Kickstarter, пишува Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

Уредот функционира така што ја следи внатрешната температура и ако се надмине нивото кое е прифатливо и не е опасно поживот, уредот се поврзува со надворешните сензори и одредува дали во автомобилот има дете или животно. Ако сензорите препознаат нешто живо, Alive на однапред внесени телефонски броеви испраќа предупредување за температурата, а ако примателот не реагира додека температурата надминува некое критично ниво, Alive во системот за алармирање вклучува и броеви од итни служби. 

Ова е особено корисно во ситуација која некој не може да се врати до автомобилот за кратко време, па Alive испраќа порака со опис на ситуацијата, опис на автомобилот и приближната локација до итните служби. Како што пишува на страницата на Alive, детскиот нервен систем не е целосно развиен и не може да ја регулира телесната температура, поради што детското тело може да се прегрее и до пет пати побрзо отколку кај возрасните и со тоа да дојде до оштетување на мозокот и на срцето. Животните, пак, се ладат уште побавно и за нив е уште пооопасно.

Сподели!
- Advertisement -