Facebook е компанија позната по одењето до екстреми за да собере податоци за корисниците, но неодамна поднесените патенти на компанијата само се доказ за тоа до која мера е спремна да оди. Многу од новите технологии за предвидување на секојдневните активности на луѓето, па дури и времето на умирање се базираат на геолокациски податоци за да дознаат повеќе за вас и вашите навики. На тој начин Facebook им овозможува на брендовите да пласираат таргетирани реклами на поефективен начин и во соодветно време, пишува DailyMail.
„Наместо само да се потпираме на листата со настани и прецизноста на ажурираните лични податоци на профилите, новите изуми ги предвидуваат промените во животот на корисниците базирано на информациите кои се достапни преку системот за мрежно поврзување“ се вели во патентот.
Новиот систем користи информации од објави, инстант пораки, имејлови итн. за да одреди дали корисникот поминува низ некоја животна промена или да предвиди дали во блиска иднина ќе се случи некоја промена, Истражувачите од Facebook откриваат дека еден од патентите на компанијата може да предвиди промена на брачен статус, родендени, раѓање на бебе, дипломирање, па дури и смрт.