Истражувачкиот дел од Пентагон работи на проект кој има за цел да создаде мост меѓу луѓето и машините. DARPA денес ќе ги избере тимовите кои ќе развиваат неурален интерфејс како дел од новата програма N3 со цел развој на системи кои на војниците ќе им овозможат да примаат и да испраќаат информации со помош на мозочни бранови, пишува DailyMail.
Тоа значи дека војниците еден ден ќе можат да контролираат дронови, сајбер одбранбени системи и друга технологија со своите мисли. Можеби звучи како научна фантастика, но агенцијата ова сака да го постигне на два начини: едниот е со неинвазивни уреди кои ќе се носат на телото, а другиот е нехируршки систем кој ќе може да се проголта или да се шмркне преку нос.
Овој интерфејс значи дека нашите мозоци ќе станат алатка за интеракција со светот околу нас. DARPA најпрвин во март поднесе предлози за нехируршки неурален интерфејс систем, а сега агенцијата ќе ги избере тимовите кои ќе го прават тој систем. Програмата се фокусира на два технички начини за стимулација и снимање на активноста на мозокот.
Од Пентагон се надеваат дека ќе успеат да направат систем со кој луѓето преку мислите ќе ги контролираат машините, а планираат да биде готов во наредните 4 години.