Шестгодишната YouTube ѕвезда Рајан ќе има своја линија играчки во Walmart

- Advertisement -

Шестгодишното момче чии видеорецензии на играчки привлекуваат милијарди прегледи на YouTube Ќќе дебитира со своја линија играчки следниот месец во Walmart, објавија од компанијата. Ѕвездата на YouTube каналот Ryan ToysReview, познат како Рајан, помогна во изборот на играчки и облека кои ќе се продаваат по името Ryan’s World („Светот на Рајан“), објави детската медиумска компанија pocket.watch, која ги водела преговорите со Walmart.

Производите од линијата Ryan’s World  ќе се продаваат есклузивно во повеќе од 2.500 продавници во САД и на веб-страницата Walmart.com почнувајќи од 6 август. Играчките ќе бидат достапни и кај други продавачи во септември, пишува Zimo.

- Advertisement -

Шесте канали на Рајан на YouTube го одушевуваат децата и месечно имаат повеќе од милијарда прегледи на видеата каде што тој си игра и ги коментира играчките. Неговото семејство одлучило да го задржи презимето во тајност за да го заштити од јавноста бидејќи има само шест години.

Производите на Ryan’s World се дизајнирани за деца од три години нагоре и се први такви на пазарот. Меѓу производите има и маички со четири дизајни, кои содржат некои од најомилените работи на Рајан, како што е пицата.

Сподели!
- Advertisement -