Словенечки алат за велосипеди го освојува американскиот пазар

- Advertisement -

Словенечката компанија Unior ја шири својата програма за специјализиран алат за велосипеди кој го развива со најдобрите светски велосипедски тимови

Во соработка со британскиот тим Sky оваа година ја претстави конечната верзија на држач за сервис на велосипеди кој што Британците го користат и тестираат две години. Тоа е резултат на блиската соработка на развојните инженери и механичари на Sky и Униор, а на велосипедистите ќе биде достапен подоцна овој месец, известија од компанијата.

Unior има над 400 посебни алатки за поправка на велосипеди, кои се достапни во над 60 земји во светот. Еден од клучните проекти во последните два месеци е објава на два детални прирачници за сервисирање на велосипеди. Тие се објавени на англиски и на француски јазик, а се подготвуваат преводи и на други светски јазици. Овие прирачници се важна врска за соработка со школи за велосипедска механика.

- Advertisement -

Unior е официјален партнер на повеќе од 20 школи од целиот свет, од Канада, Белгија, Франција, Кина и Индија, велат од компанијата која се проби и на американскиот пазар. Нивниот најголем конкурент во делот на велосипедски алат вo 2008 година на американскиот пазар го лансираше брендот “Blue Bike Tools” и ја заштити сината боја на алатот. Оттогаш на овој пазар е забранета продажба на наменски алат за велосипеди во сина боја, која всушност е бојата по која е препознатлив словенечкиот производител.

- Advertisement -

Токму затоа Unior на најголемиот велосипедски пазар влезе во црвено-портокалова боја на алатот, а реакциите на купувачите се позитивни. Компанијата поседува и сопствен велосипедски тим Unior Tools team, кој годинава се спои со канадскиот производител на велосипеди Devinci, па тимот сега се вика Unior/Devinci Factory Racing. Тимот учествува на највисоко ниво на натпреварување во сите главни дисциплини во планински велосипедизам.

Сподели!
- Advertisement -