Што е подобро: едноставна лозинка лесна за хакирање или силна лозинка тешка за паметење?

- Advertisement -

Било да практикуваме онлајн шопинг, да плаќаме сметки онлајн или да користиме социјални медиуми, нашиот живот е исполнет со онлајн  профили и лозинки. За секоја онлајн услуга треба да отвориме сметка или профил и на нив да ставиме лозинка, а секој пат се прашуваме истото: каква лозинка да ставам?

Секој има посебно решение за лозинките. Повеќето луѓе добро знаат дека силните лозинки се првата борбена линија против сајбер криминалците. Постојано го потенцираме значењето на силните лозинки – долги со посебни знаци, бројки, комбинација од големи и мали букви. Освен тоа, за секој профил или сметка треба посебна лозинка – употрeбата на истите лозинки секаде е неприфатлива.

Сепак, колку е посилна лозинката, толку полесно се заборава. Тоа може да предизвика други проблеми. Како резултат на тоа  многумина се одлучуваат да не се мачат да паметат еден куп лозинки и ставаат една иста за сите профили  и услуги, па дури и го користат сопственото име или датумот на раѓање како лозинка. Се разбира дека тие стануваат лесен плен за сајбер криминалците.

- Advertisement -

Kaspersky спроведе истражување за да открие која стратегија за ставање лозинки е најчесто користена и зошто. Уникатните и сложени лозинки се добри, и луѓето најчесто ги користат за сметки во банка (63%), системи за плаќање (42%) и за онлајн продавници (41%). Проблемот со нив е што тешко се паметат, а навистина настанува проблем кога нема да можете да се сетите на лозинката за вашата банкарска сметка.

Затоа, се чини логично да не се користат такви лозинки. Сепак, половина од испитаниците  не ги запишуваат на безбедно место, а дури и најсилната лозинка нема да ве заштити ако сајбер криминалецот ја најде запишана. Апсолутно нема безбедно место за да се чуваат запишани лозинките освен ако се на некој начин шифрирани. Но, тогаш ќе треба да паметите и шифри…

- Advertisement -

Во обид да се избегнат проблемите со заборавена лозинка, многу корисници се одлучуваат за практичноста наспрема безбедноста. За да не паметат повеќе лозинки, околу 10% од корисниците ставаат иста лозинка насекаде, а на тој начин им овозможуваат на сајбер криминалците да провалат во сите профили и сметки. Само во последната година 17%  од испитаниците пријавиле барем еден обид за хакирање на најмалку една сметка. Начестите таргети се имејлови (41%), профили на социјални медиуми (37%) и банкарски сметки или профили на онлајн продавници (по 18%).

Сепак, не очајувајте. Наместо да се обидувате да најдете баланс меѓу практичноста и безбедноста, можете да убиете две муви со еден удар ако го инсталирате Kaspersky Password Manager, кој сите детали за профилите и сметките ќе ги складира на безбедно место. Така ќе треба да паметите само една лозинка, а програмата ќе ја заврши останатата работа. Освен тоа, генерира побезбедни лозинки кои се тешки за откривање и наместо вас ги памети и ги внесува кога има потреба.

- Advertisement -

Овластен застапник на Kaspersky за Македонија е Кабтел.

Сподели!
- Advertisement -