Најпознатата апликација за временска прогноза AccuWeather сега ќе советува каде да шетаме во зависност од временските услови

- Advertisement -

Препораките за посета на места не го земаат предвид времето надвор. Впрочем, кој сака да оди во посета на некој парк ако надвор почне да истура дожд за 5 минути? Апликацијата за временска прогноза AccuWeather дефинитивно не сака  да накиснете ако излезете надвор, па во партнерство со Foursquare ќе формира систем за препораки кои места да се посетат и каде да се шета. Системот ќе биде целосно локализиран по региони и градови и ќе ги зема предвид временските услови кои следуваат. Системот ќе дава препорака дали да се оди на базен или на плажа ако е топло надвор или некое кафуле каде што ќе се засолните од претстојниот дожд.

AccuWeather знае и дека корисниците се грижат за приватноста. Токму затоа може да се исклучи опција за споделување на локацијата каде се наоѓате, а истото важи и за податоците достапни на Foursquare. Се разбира дека AccuWeather има причина за овој потег и тоа финансиска – на овој начин на компаниите им са овозможува таргетирање на корисниците во самата апликација врз база на нивните преференции. На пример, доколку често одите во теретана, некој ресторан може да ви понуди некое здраво мени итн.

Сподели!
- Advertisement -