Хрватска наскоро ќе го добие првиот хируршки роботски систем

- Advertisement -

Во современата медицина се повеќе оперативни зафати вршат роботите, а Хрватска наскоро, со помош на неповратни средства иод ЕУ фондови, треба да го добие првиот хируршки роботски систем во KBC во Загреб, на кој ќе оперираат и хирурзи од други болници и ќе се едуцираат младите лекари.

Во KBC во Загреб се основа Национален роботски центар, кој би требало да почне со работа напролет идната година. Роботот чини околу 2 милиони евра, а пред шест месеци за набавка на роботот беа обезбедени средства од ЕУ фондови, пишува Klix.ba. Системот треба да биде испорачан во рок од шест месеци.

- Advertisement -

Од Министерството за здравство велат дека со помош на роботот денес најмногу се оперираат карциноми на простата, но и сите тумори во стомакот и во градниот кош, како и гинеколошки операции. Денес во САД, на пример, со роботски системи се вршат речиси 90% од заболените од рак на простата, кој е еден од најчестите карциноми кај мажите.

Сподели!
- Advertisement -