Alibaba го претстави својот робот Space Egg, кој ќе работи во хотелите во Кина

- Advertisement -

Alibaba наскоро ќе го пушти во употреба својот робот, кој ќе работи како собна послуга во кинеските хотели. Кинескиот гигант го претстави роботот Space Egg, кој со помош на вештачка интелигенција ќе ги угостува гостите во хотелите. Роботот може да носи храна и дури и да препознава команди благодарение на гласовниот асистент на Alibaba, Tmall Genie.

Space Egg е висок еден метар и се двиќи со брзина од само 3,2 км/ч. Кога некој гостин во хотел ќе направи нарачка преку Tmall Genie од својата соба, алуминиумскиот робот ќе ја земе нарачката од вработените или од роботизиран услужен дел и ќе ја однесе кај гостинот.

- Advertisement -

Роботот користи комбинација од ласерски и радарски сензори за да се движат самостојно, да избегнуваат судири или пречки благодарение на претходно меморирана мапа, пренесува DailyMail. Емитува светло за на гостите да им посочи во кој правец ќе се движи.

Опремен е со WiFi за да може да го повика лифтот за некој гостин или самиот да се качи на некој кат. Кога ќе пристигне таму, Space Egg со помош на Tmall Genie го известува гостинот дека е пред собата и потоа со технологија за препознавање лице се осигурува дека тоа е вистинскиот гостин кого треба да го услужи. Space Egg исто така препознава и разбира команди преку екран на допир или со гестови со раце.

- Advertisement -

„Возбудени сме поради овој неверојатен развој кој ни помага да го премостиме јазот меѓу потребите на гостите и времето на услужување. Роботот ќе биде најдобриот асистент за гостите во хотелите кои сакаат брза услуга на дофат на рака“ изјави Чен Лијуан, генерален менаџер на Alibaba A.I. Labs.

Засега роботот ќе се тестира во одредени хотели. Кога ќе заврши тест-периодот, A.I. Labs ќе одлучи дали е погоден за употреба во болници, ресторани или канцеларии.

Сподели!
- Advertisement -