Како да останете продуктивни додека патувате?

- Advertisement -

Дел од животот на еден претприемач се честите патувања, состаноци, конференции и презентации по целиот свет. Тоа е дел од работата. Иако многумина уживаат во патувањето, тоа знае да биде заморно и хаотично. Оттука се поставува прашањето како да се остане продуктивен кога не сте се прилагодиле на новата временска зона и се трудите да се снајдете во непознат град?

Подготовката е многу битна. Да речеме дека сакате да се сретнете со клиент или да посетите конференција. Не можете едноставно да се разбудите утрото и да одлучите дека ќе патувате. Состанокот мора да се закаже кај клиентот. Исто така, мора да го испланирате патувањето за навреме да стигнете на конференцијата. Едноставно кажано, ако сакате да патувате и да останете фокусирани и продуктивни, мора да планирате и планирате и планирате. Еве неколку основни совети.

- Advertisement -

Планирајте ги деновите. Било да претставувате идеја пред инвеститори или да зборувате на некој настан, мора тоа да си го запишете во календарот. Така ќе можете да го имате предвид настанот, но уште побитно е што ќе знаете како да ги планирате средбите и обврските.

Летови и хотели. Менувањето авиони ќе ви заштеди пари, но трае многу подолго. Подобро е да платите повеќе за директни летови. Ќе си заштедите многу време и сигурно ќе знаете кога ќе стигнете некаде. Исто така, најдете хотел кој е блиску до местото на настанот затоа што ќе си скратите време за патување.

- Advertisement -

Пакувајте малку работи. Направете листа со основните работи кои ви требаат. Така сигурно нема да земете со себе едне куп непотребни работи. Минимум треба да спакувате бизнис облека, гаџети, козметика и средства за хигиена и потребни материјали за работа. Симнете и некои апликации како Tripit, Packpoint, Lyft, Citymapper или Kayak.

Запознајте ги дестинациите каде што одите. Пред да тргнете истражете ја дестинацијата каде одите. Колку е далеку аеродромот од хотелот? Како е најдобро да се движите низ градот? Што ви обезбедува хотелот? Така ќе се движите поефективно низ градот и ќе знаете кои ресурси ви се на располагање.

- Advertisement -

Оставете го бизнисот во добри раце. Одредете контакт за итни случаи додека не сте дома. Целиот тим треба да знае кој ќе биде одговорен додека не сте таму.

Искористете го патувањето. Додека патувате, направете листа со приоритети и прегледајте го распоредот за да знаете како продуктивно ќе го трошите времето. Ако чекате да го направите тоа откако ќе стигнете, можеби ќе бидете преморени.

Испланирајте работни активноти без Интернет. Иако имате WIFI на телефон, губење време и пари е Интернет со лош квалитет. Зошто тогаш да се трудите да работите нешто кога Интернетот не ви дозволува. Наместо тоа, направете две листи. Едната со работи кои можете да ги правите само на Интернет, а другата со тоа што може да се прави офлајн.

Посветете се на работата и држете се до распоредот. Најтешкиот дел е да почнете, а потоа ќе влезете во шема. Ако не успеет да се фокусирате на тоа, барем продуктивно искористете го времето за читање, слушање подкаст или учење нова вештина.

Извлечете го најдоброто од новата локација. Бизнис патувањата можат да ви ја разбудат креативноста додека сте надвор од позната територија. Исто така, можат да помогнат да ги намалите работите кои го одвлекуваат вниманието.

Искористете ја технологијата. Освен апликациите кои ви го олеснуваат патувањето, користете и апликации кои го автоматизираат бизнисот. Коритете апликации кои ќе го олеснат менаџирањето на имејловите, социјалните медиуми, сметките, маркетингот инт.

Организирајте се во од. Кога ќе бидете изложени на нови култури, идеи и перспективи мозокот ќе ви работи сто на саат, но веројатно ќе ги заборавите сите идеи ако не ги забележите. Користете алатки како Evernote, Pocket или Trello за да ги запишете мислите и да делегирате задачи на тимот.

Намалете си од обврските пред за заминете. Претприемачите често прават повеќе работи одеднаш. Токму затоа патувањето може да биде стресно за нив. Се прашуваат како да работат исто како кога се во канцеларија. Факт е дека тоа е невозможно, но едно решение е пред заминување постепено да намалуваат од обврските.

Не го запоставувајте здравјето. Патувањето може да се одрази по здравјето, особено кога се менуваат временски зони и кога се јаде брза храна. Како резултат на тоа, може да се чувстувате млитаво ако го запоставувате здравјето. Спијте доволно, пијте доволно вода, јадете здраво и вежбајте.

Кога не може да се работи, вистински одморајте. Времето додека летате или помеѓу настани искористете го за одмор. Дремнете малку, медитирајте, размислувајте или истражувајте го новиот град. Може да ве премори постојаното фокусирање на работата и на сите ни треба издувен вентил.

Сподели!
- Advertisement -