Првата 5G мрежа во светот е пуштена во употреба

- Advertisement -

Можеме да речеме дека за еден дел од жителите на оваа наша планета иднината пристигна порано затоа што американскиот провајдер Verizon ја стартуваше првата 5G мрежа во светот, која за почеток е достапна во четири американски градови: Хјустон, Индијанаполис, Лос Анџелес и Сакраменто.

Во тие градови населението ќе добие безжичен Интернет со брзина од околу 300 Mbps со помош на 5G Home рутер по цена од 50 долари месечно доколку се претплатници на Verizon, односно 70 долари ако не се претплатници.

- Advertisement -

Рутерот ќе го инсталираат експерти на Verizonovi за да можат да ганрантираат дека Wi-Fi дингалот ќе го покрива целиот дом, а во спротивно ќе се постават екстендери доколку е потребно. За прв во светот да им понуди 5G услуга на своите корисници Verizon понуди свое техничко решение со оглед на тоа дека не е усвоен меѓународен 5G NR стандард, кој го развива 3GPP, но од компанијата велат дека по воведувањето на глобалниот стандард постојните корисници бесплатно ќе добијат надграден систем и хардвер.

Сподели!
- Advertisement -