Познат е дека кралот на платениот софтвер Microsoft веќе подолго време и се додворува на заедницата на отворени кодови, па не е ни чудо што одлучи да пристапи кон OIN (Open Innovation Network), при што ги тргна лиценците од дури 60.000 свои патенти, иако, се разбира, ја задржа ексклузивата над технологиите врзани за Windows.
Со ова, меѓу другото, Microsoft сака да му помогне на Linux, кој неодамна се најде пред легални проблеми кои резултираа со тоа поранешните девелопери како Патрик Мекхарди да се соочат со легални битни за крешње на некои права.
По овој потег повењќе од 2.500 членови на OIN ќе добијат пристап до патентите на Microsoft, додека екипата од Редмонд со ова покажа дека има намера своите производи да ги понуди на платформи кои работат на свои оперативни системи. „Девелоперите не сакаат да избираат меѓу Windows и Linux или .NET и Javа. Тие сакаат платформи кои ги поддржуваат сите технологии“ велат од Microsoft.
Додаваат и дека оваа одлука да се придружат на OIN и да овозможат нивните патенти да бидат достапни за сите членови може да ги поттикне компаниите да се приклучат на организацијата, што на крај ќе има поголема корист за заедницата на отворени кодови.