На гостувањето на конференцијата ICT Gold Awards BIG3, младиот иноватор Мате Римац зборуваше за подемите и падовите во бизнисот во текот на работата на неговата компанија Rimac Automobili. По краткиот вовед во моменталната состојба во компанијата тој сподели информација дека веста за инвестицијата на автомобилскиот гигант Porsche била најсподелувана во целото постоење на компанијата.
„Сепак, ние сме само еден мал фактор и една мала фирма во оваа индустрија. Кога ќе се погледант американските или кинеските стартапи, тие располагаат со милијарди за да го развиваат истиот бизнис како ние. Ние досега имаме привлечено 60 милиони евра инвестиции, од кои 50 милиони ги добивме во последнава година“ вели Римац.
Римац објасни дека неговата компанија во 2014 година ја добила првата поголема инвестиција, а веќе следната година сфатиле дека им требаат нови рунди инвестиции. Во моментот кога почнале да бараат инвестиции биле популарни и имало интерес за странски инвестиции. Целиот процес почнал во 2016 година, кога кинески Camel ја доставил својата понуда тешка 30 милиони евра. Ја имале понудата на маса и во тој момент се појавил еден господин, кој тој го нарекува Џон.
Бил во компанијата и бил импресиониран од тоа што го работат и покажал голем интерес за инвестирање. Понудил многу подобри услови од оние на Camel. Човекот им се допаднал и почнале да разговараат со него. Тој им рекол дека може да биде есктремно брз затоа што парите се негови и може да бидат уплатени за две недели.
На Римац и на менаџментот тоа му звучело супер, но продолжиле да разговараат. Разменувале имејлови и му кажале дека се во поодмината фаза на преговори со други инвеститори, па им треба одговор од него до крајот на неделата или ќе ја изберат првичната понуда. Многу набрзо потоа се договориле со него по услови кои биле многу подобри од оние на Кинезите и терминот за финализација на инвестицијата и префрлање на парите го договориле за средината на јули 2016 година.
Во тој момент нивниот Џон станува главен инвеститор. Како што почанл процесот, така Џон почнал со своите барања. Сакал да измени нешто во договорот, потоа сакал са смени нешто друго, па отишол на годишен одмор, па не можеле да го добијат, па бил на јахта и им рекол ќе им се јави за две недели кога ќе се врати. Без оглед на сето тоа, во Rimac Automobili верувале дека се исплати да чекаат таков инвеститор, но проблемите само се зголемувале. Дополнителен проблем било тоа што на секое барање на Џон требало да се наговорат останатите акционери во компанијата да ги прифатат.
Едно од барањата на Џон било постојните акционери да не можат да го продадат својот дел од компанијаѕа пред ИПО-то, што те не сакале да го прифатат . Воедно, тоа е и причината зошто е речиси невозможно да се работи со инвеститори, вели Римац, затоа што усогласувањето на нивните барања о останатите претставува вистински кошмар.
Бидејќи во ноември 2016 година почнале да снемуваат пари, побарале од Џон да им даде заем. Бидејќи целиот процес траел многу долго, им било тешко да го постават тоа прашање. „Тоа се прашува кога ти е нож до грло. Секако, не сака инвеститорот да знае како ти е, затоа што тогаш си во лоша позиција“ објаснува Римац.
Му кажале на Џон дека компанијата пропушта прилики и проекти и како еден од примерите му го навеле проектот со Aston Martin. Тој проект тогаш речиси го изгубиле затоа што немале капитал за понатамошно ширење. Џон прифатил bridge финансирање. Немало проблем и се се договориле. До крајот на годината потпишале договор за bridge финансирање. Биле тој петок во Загреб и Џон им рекол дека парите ќе им бидат на сметка до вторник. Но, парите ги немало. Три-четири пати од компанијата ја барале банката за парите кои ги очекувале на сметка, но од банката им рекле дека не треба повеќе да им ѕвонат затоа што ќе им јават кога ќе стигнат на сметка. А ним им горело под нозе зашто требало да платат доставувачи, да дадат плати.
Од Џон побарале и SWIFT код за сами да можат да проверат каде затаила работата со трансферот. Добиле код и имале што да видат. Еден куп работи биле погрешно напишани. Си рекле дека тоа може да му се случи секому и им ги сирпатиле повторно податоците за да им ги пратат парите. Но, резултати и понатаму немало, а немало ни пари. Повторно отишле во банка да видат што е проблемот, но таму им рекле дека SWIFT кодот е лажен и да внимаваат што прават.
Што сега? Толку многу вложиле во Џон, се измачиле со постојните инвеститори, безброј пати разговарале по телефон и напишале стотици мејлови за со адвокатите да се договорат околу тоа што го барал Џон. Веднаш штом ќе побарал нова измена правеле нов договор, а секоја измена значи дека мора повторно консултација со акционерите и инвеститорите.
„Во таков момент е тешко да се откажеш. Веќе си инвестирал, како коцкар и сега кко ќе се повлечеш? Ако најдеш друг инвеститор, значи дека ќе ти требаат пет-шест месеци за да дојдеш до истата фаза на преговори“ раскажува Римац.
Осум дена по новиот, сега веќе потврдено лажен трансфер на пари, компанијата била на работ. Почнала нова година и во тој момент биле готови, веќе ништо немале, а долговите се натрупувале. Сите им се јавувале, биле во тотален хаос, а сметката им била на нула, признава Римац.
Една цела недела Римац им пишувал мејлови на вработените во компанијата. Пишувал, бришел, затоа што дошле до тој момент да не можат да им исплатат плати и не знаел како да им каже. На крајот им испратил имејл и два дена подоцна успеале да им исплатат плати затоа што ги спасил еден купувач. Потоа Римац ја резимирал сета кореспонденција со Џон и одлучил да раскине со него на фин начин. Откако во имејл му испратил резимирана кореспонденција со датуми што и кому му ветил, Римац му рекол дека тука е крај на соработката.
„Со оглед на сето наведено, не гледам како можеме да го продолжиме процесот со вас. Мораме веднаш да почнеме да работиме со нови инвеститори и да најдеме други решенија“ напишал Римац. Му било навистина тешко да го направи тоа и бил последниот кој ја прифатил ситуацијата – инвеститорот испаднал измамник кој ги насамарил не само него, туку и целата компанија.
Во февруари 2017 година платата пак доцнела неколку дена, а тоа за Rimac Automobili значело паника затоа што платите секогаш пристигнувале на прв во месецот. Тоа бил период кога Римац се обидувал да најде пари на кој било начин и во состојба да праша кого било, па така побарал помош и од домашниот инвеститор Ненад Бакиќ, но знаел дека не може да му помогне и дека тоа е нереално.
Компанијата ја спасиле купувачите – еден со заем од 250.000 долатри и некој човек кого Римац го познавал само две недели. Тој без никаков договор, без ништо му позајмил 300.000 евра. Тоа ги спасило едвај да преживеат. По се што се случило Римац верувал дека ќе му се случи егзодус на работниците, но си отишол само еден од нив. Тоа многу го изненадило, особено затоа што отворено комуницирале.
Неговата компанија ги обновила преговорите со Camel, како последна опција. Во текот на долгиот процес дополнително искомплициран со фактот дека Римац ги одбил една година претходно, компанијата и понатаму била во финансиска криза и саале преговорите пто побрзо да завршат за да дојдат инвестициите. Тогаш се случило и нешто што апсолутно никој не го очекувал. Членот на екипата на „The Grand Tour”, Ричард Хемонд, возејќи го Concept_one со 212 км/ч влегол во остра кривина, излетал од патот, прелетал 110 метри и слетал низ рид. Автомобилот бил целосно уништен, а станувало збор за веќе продаден модел, кој им бил позајмен на британската екипа.
Со оглед на тешката финансиска ситуација во компанијата, Римац не можел да си дозволи да го коментира настанот, туку морал да чека 19 дена и да направи заедничка изјава со Хемонд, кој од несреќата се здобил само со скршена нога. За среќа, автомобилот бил осигуран на 1 милион фунти, но Римац морал да остане прибран затоа што зависел од тоа дали ќе им платат осигурување. „Некои велат дека тоа е најдоброто нешто што можело да ни се случи, но јас се чувствував како некој да ми го скратил животот за 15 години“ признава Римац.