Американската војска тестира систем со кој хеликоптерите Black Hawk ќе летаат автономно

- Advertisement -

Наскоро управувањето со хеликоптерите Black Hawk ќе биде едноставно како користење таблет. Американската војска ги опремува своите јеликоптери Sikorsky S-76B со нов софтвер за автоматизација кој ќе ја намали потребата за пилоти.

Армијата изминатиот месец спроведуваше тестирања на новиот систем и успешно полетуваше и слетуваше S-76B комерцијален хеликоптер во Вирџинија. Системот Aircrew Labor In-Cockpit Automation System (ALIAS) е развиен од DARPA, односно одделот специјализиран за развој на нови технологии за потребите на војската.

- Advertisement -

Речиси секој ќе може да управува со системот со мала обука, велат од DARPA. За првата демонстрација која се одржа минатиот месец пилотот имал обука од само 45 минути. Проектот е дел од пошироката програма на војската Future Vertical Lift, која гo револуционизира начинот на кој се користат хеликоптерите во војската.

Со ALIAS пилотите ќе можат да управуваат со еден хеликоптер само со помош на таблет. Досега програмата е користена повеќе од 300 часа за автономно летање. Се покажа дека ваквите контроли е исто толку прецизни колку физички присутен пилот во кабината. Целта на американската армија со програмата е пилотите да можат да се фокусираат на други побитни задачи, а не на самото управување со хеликоптерот.

Сподели!
- Advertisement -