Отворена првата Xiaomi Mi продавница во Хрватска

- Advertisement -

По отворањето на продавница воВиена кон крајот на мај годинава, како и неодамнешното отворање на продавница во Лондон, четвртиот светски производител на мобилни телефони и потрошувачка електроника, Xiaomi, денеска ги отвори вратите на првата Xiaomi Mi продавница во Загреб, со што и Хрватска ја доби првата ваква авторизирана продавница.

За отворањето на продавницата е заслужна компанијата Bijelić Co, која воедно е и овластен дистрибутер на производите на Xiaomi за Австрија, Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора. Со отворањето на втората Xiaomi Mi продавница во овој дел од Европа се потврдува дека брендот станува препознатлив во регионот, но се потврдува и бизнис филозофијата на Xiaomi – дека сите треба да имаат пристап до иновации. 

- Advertisement -

Загрепската Mi Store е сместена на првиот кат на Арена центарот во Загреб и ќе ги понуди најновите модели на телефони кои секојдневно ги освојуваат глобалните пазари и купувачите со својот квалитет и пристапна цена, но исто така и палетата Ecosystem производи. Освен најновите модели Mi 8 Pro, Mi 8 Lite и Redmi Note 6 Pro, во понудата на загрепскиот Mi Store се наоѓаат и класичните слушалки за паметни телефони, мобилни USB полначи, роботи правосмукалки, електрични четки за заби, но и бројни други уреди со кои Xiaomi го олеснува брзото секојдневие.

Xiaomi веќе во третиот квартал од годинава ја оствари својата цел да испорача повеќе од 100 милиони уреди и тоа токму благодарение главно на уредите од серијата Mi 8. Глобалното ширење на бизнисот се гледа и од резултатите за третиот квартал од 2018 година кои потврдуваат дека овој кинески визионер навистина држи цврста позиција со пораст на испораката на паметни телефони од 21,2% и раст на пазарниот удел од 2,2%.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -