ВИДЕО: Тајван ги претвора старите метро станици во подземни вертикални фарми

- Advertisement -

Тајван ги крористи метро станиците кои не се употребуваат за да ја задоволи се поголемата побарувачка за одржлива, чиста и органска храна. Напредните методи за ефикасни вертикални фарми се користат за да се нахранат со свежа храна луѓето кои редовно патуваат.

- Advertisement -

Хидропонската фарма од 40 квадратни метри наречена Metro Fresh се наоѓа на станицата Нанџинг-Фушинг во Тајпеј. Таму се одгледува марула под ЛЕД светилки во стерилна средина за да се елиминира употребата на пестициди и хербициди.

Едно нешто кое најмногу ги загрижува луѓето во светот е употребата на пестициди во традиционалното земјоделство, вели Јулија Јанг од компанијата Unimicron Technology, која ги гради вертикалните метро фарми.

- Advertisement -

Тие користат високотехнолошка опрема за да се регулираат условите како светлината, температурата и хранливите состојки кои се најдобри за раст на билките. Бидејќи се хидропонски фарми, немаат проблем со ларви од инсекти, што е најголем проблем кај марулата.

Вертикалните фарми во внатрешни услови, кои исто така се нарекуваат паметни фарми, се многу популарни во Тајван затоа што пладата популација на островот не сака да работи во земјоделскиот сектор. Најмногу се заинтересирани за технологија, затоа што е подобро платена и има поголеми можности за раст.

- Advertisement -

Но, ваквите паметни фарми се комбинација од двете гранки. Не бараат многу работа, а користат напредна технологија за да се зголеми приносот и да се контролираат временските услови. Моментално во фармата Metro Fresh неделно произведуваат околу 180 кеси по 200 грама марула.

Тајван има популација од 23,57 милиони луѓе и површина од саљмо 36.197 km². Тоа значи дека земјиштето мора најпаметно и најефикасно да се употреби за да се осигура растот на нацијата и независноста од други земји.

(Euronews)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -