За мислете дека играте некоја игра како Fortnite Battle Royale на слушалки за виртуелна реалност во реално време, без доцнење и сето тоа преку телефон додека патувате со брз автономен автомобил кој се движи 200 км на час. Ако погледнете во горниот агол на телефонот веројатно сте навикнале да ви пишува 4G LTE, 3G или 2G. G означува генерација, а секоја наредна генерација се однесува на одредена минимална брзина. 1G ни овозможи меѓусебно да разговараме, 2G да испраќаме пораки, 3G ни даде податоци и Интернет, а 4G/LTE го направи сето тоа многу побрзо.
Наскоро ни стигнува 5G и додека мислите дека ќе биде само побрз, всушност е многу повеќе од тоа. Тоа ќе биде огромно технолошко достигнување кое ќе го смени начинот на кој уредите се поврзуваат на Интернет и меѓусебно. Што е тоа ново што ќе го донесе 5G?
Најпрвин, поголема брзина – 20 гигабита во секунда преку брза безжична конекција. Тоа е 100 до 250 побрзо од сегашната 4G мрежа. Толку брзо ќе може да се примаат и да се испраќаат информации што ќе може да се користи како замена за интеракција во реално време. Тоа значи дека ќе можеме да комуницираме со луѓе, предмети или ликови кои ги контролира некој друг без доцнење од другата страна. Ќе се контролираат виртуелни објекти истовремено со други луѓе.
Автомобилите без возачи ќе бидат едно од најголемите откритија на 5G- – ќе испраќаат податоци меѓусебно, ќе комуницираат со семафори, со сензори на патот, со беспилотни летала итн. Размислете само: брзината на ќовечката реакција е 200 милисекунди, но сепак имаме незгоди секој ден. Замислете вашиот автомобил да може да реагира и да ја пренесе својата реакција на автомобилите околу него се во една милисекунда. Не само што ќе се спречат сообраќајни незгоди, туку и сообраќајниот метеж може целосно да го снема.
5G ќе овозможи и нова генерација роботски уреди. Операциите ќе може да се прават од другата страна на светот со робот кој во реално време го контролираат роботот. Фабриките ќе може да бидат опремени со роботи кои меѓусебно ќе можат да комуницираат за задачите.