ВИДЕО: Bugatti ги тестира првите 3Д печатени кочници

- Advertisement -

На почетокот на годинава компанијата Bugatti објави дека почнува со развој на првите 3Д печатени кочници. Пред крајот на годината најголем дел од работата е завршен и плочките на кочниците се готови за акција, па Bugatti одлучи да ги тестира и да покаже како функционираат при симулирана брзина од 400 км/ч.

Активацијата на кочниците на таа брзина ги загрева дисковите и плочките на температура над 1.000 степени Целзиусови, но освен многу искри и зажарување, кочниците ја вршат својата главна функција и остануваат цврсти и безбедни, па од Bugatti велат дека кочниците се направени со технологија за 3Д печатење.

- Advertisement -

Иако Bugatti уште не ги кажува своите конкретни планови, новите кочници може да се најдат во новите суперавтомобили како што се Chiron и Divo, каде што помалата тежина во комбинација со поголемата цврстина најмногу доаѓаат до израз.

Сподели!
- Advertisement -