Nokia 9 Pureview, јануари/февруари 2019 година
Nokia 9 PureView по изгледот не се разликува многу од Nokiа 8 Sirocco, освен по задниот дел. Според она што се гледа од фотографиите, ќе има пет задни камери кои ќе можат да прават пет фотографии истовремено и наводно, ќе бидат поквалитетни и при слабо осветлување. Екранот најверојатно ќе биде PureDisplay од 5,99 инчи со поддршка за HDR10 и читач на отпечатоци, процесот Qualcomm Snapdragon 845, 6GB RAM и 128 GB мемории. Засега не е познато точно кога компанијата HMD, која управува со брендот Nokia, ќе ги претстави новиот телефон.
Samsung Galaxy S10 и Galaxy S10 Plus, март 2019 година
Погoлемото издание на новиот топ модел на Samsung може да има ист екран како и Galaxy Note 9, но и куќиште не поголемо од Galaxy S9. Имено, од видеата кои се појавија на Интернет може да се видат Galaxy S9 Plus, Galaxy Note 9 и Oppo Find X во споредба со заштитна маска за Galaxy S10 Plus. Распоредот на камерите веројатно ќе биде хоризонтален и ќе има отвор за слушалки. Екранот може да биде помал од 6,4 инчи, но веројатно ќе биде речиси ист како и Note 9. Како ќе изгледа точно ќе видиме во март за време на Мобилниот светски конгрес во Барселона.
Huawei P30 Pro, март/април 2019 година
Паметниот телефон на Huawei, P20 Pro веќе има три задни камери, но се појавија гласини дека кинескиот производител нема да застане на тоа туку планира значително посилни сензори. Една од леќите на P30 би можела да го добие сензорот IMX607 на Sony со 38 мегапиксели. Таквиот сензор би бил поголем од камерите во телефоните кои моментално се продаваат. Бидејќи Honor View 20 веќе има камера од 48 MP, не е нереално да се очекува P30 Pro да има камера од 38 MP.
Motorola Moto G7, март/април 2019 година
G серијата на Motorolа не привлекува многу погледи и не ја фалат на сите страни, но откако се појави овој модел за прв пат во 2013 година, го биде глас дека е и повеќе од добар за цената. Moto G7 би требало да има предна камера која во екранот ќе влегува како солза во око и барем две камери од задната страна. Наводно, на премиерата во Бразил ќе се појават дури четири модели: G7, G7 Plus, G7 Plays и G7 Power
OnePlus 7, мај 2019 година
Паметните телефони на кинескиот производител OnePlus во последно време се се поскапи. Сепак, и понатаму се поевтини отколку топ моделите на други произвидители. Зароа треба да ги имате на радар новите изданија. Според првите фотографии, веројатно ќе има четири задни камери. Што се однесува на процесорот, од компанијата најавија дека нивните идни топ модели ќе имаат Snapdragonom 855, барем 6 GB RAM и 128 GB меморија. Цената веројатно ќе се движи околу 550 долари.