Франција го казни Google со 50 милиони евра поради нетранспарентност

- Advertisement -

Регулативата на ЕУ за заштита на податоци е релативно нова, но Google веќе има проблеми поради наводно прекршување на правилата. Францускиот регулатор CNIL го казни Google со 50 милиони евра за наводно неисполнување на правилата за транспарентност и лесен пристап до податоци. Како што се наведува, Google го отежнал пристапот до податоци за употребата и контролата на личните податоци, како и за таргетираните огласи. Од CNIL велат дека понекогаш се потребни 5-6 постапки за да се види што прави Google, додека информациите за таргетираните огласи биле поделени на повеќе документи.

Казната следува после жалбите на група која се залага за заштита на дигиталните податоци после стапувањето на сила на регулативата во мај 2018 година. Од CNIL велат дека висината на казната е соодветна на прекршокот затоа што ова не е само основно еднократно прекршување на основните принципи на регулативата, туку континуирано кршење на правилата.

- Advertisement -

Во одговор на казната портпарол на Google изјави дека компанијата е посветена на транспарентноста и контролата врз податоците, а ова решение се анализира за да се одлучи што ќе се преземе. Сепак, Google нема многу опции. Доколку не ги убеди регулаторите дека постојните системи се соодветни, веројатно ќе мора да прави сериозни реформи.

Сподели!
- Advertisement -