Мате Римац откри зошто не прави автомобили кои може да ги купи просечниот Хрват

- Advertisement -

Основачот и директор на компанијата Rimac Automobili, младиот Хрват Мате Римац, во рамки на меѓународниот фестивал на уметност, роботика и нови технологии Device_art вчера во Музејот на современа уметност одржа предавање со назив „Спој на технологија, наука, уметност и страст“ базирано на неговото искуство со новите технологии и неговата животна приказна.

„Со големо задоволство учествувам како говорник на тема која ми е многу блиска. Римац технологијата и возилата – осмислени, развиени и произведени на периферијата на Загреб во Хрватска – се совршен пример за технолошко ремек-дело како уметнички медиум“, изјави Римац.

- Advertisement -

„Не е многу веројатно дека некој ќе основа компанија за автомобили во Хрватска. Големите автомобилски компании се финансиски посилни од целата наша држава и луѓето често ме прашуваат зошто останав во Хрватска. Одговорот е дека сакав да основам компанија овде за да покажам што се може“ објасни Римац.

Тој објасни дека на патот до сегашниот успех се справувале со разни препреки, многупати биле на работ да прекинат, а не знаеле ни да работат со цените и договорите. Затоа барале адвокат од Загреб за да им помогне, но не можеле да пронајде таков зашто договорите коишто ги барале нивните инвеститори не биле честа појава во Хрватска. Токму затоа 2017 била најлоша година за компанијата, а дури пред една година се стабилизирале доволно за да не мора да се грижат за следниот месец. Денес Rimac Automobili има 500 вработени на повеќе локации и соработува со водечки имиња од авто-индустријата за кои произведува автоделови.

- Advertisement -

Не сака да го споредуваат со Илон Маск, но додава дека можеби има сличности меѓу него и Маск од пред 20 години кога тој само што ја основал една од своите први компании, PayPal. На прашањето зошто не прави комерцијални автомобили кои би можел да си ги дозволи и да ги купи просечниот Хрват, Римац одговори дека тоа не го интересира – страст му се спортските автомобили, на кои гледа како на уметност. Тој вели дека автомобилите се комбинација од материјали, хемија, програми, електротехника, симулација, методологија, наука, уметност и дизајн. Таа комбинација мора да ги задоволи сите претпоставки – од аеродинамичност до прописи.

Сподели!
- Advertisement -