Instagram тестира опција која спречува зависност од социјални мрежи

- Advertisement -

Шефот на Instagram, Адам Мосари, потврди дека платформата ја тестира долго очекуваната опција Take a Break. Станува збор за опција која ќе ги потсети корисниците дека поминуваат премногу време на Instagram.

„Опцијата е наменета баш за она што претпоставувате. Ако ја активирате, ќе ви каже да направите пауза и да се одморите од Instagram откако ќе пчоминете одредено време на апликацијата – 10, 20 или 30 минути. Опцијата е дел од поголеми напори да им се даде на луѓето поголема контрола на Instagram” изјави Мосари.

- Advertisement -

Тестирањето на опцијата Take a Break доаѓа во период која се врши притисок врз Instagram и врз Meta (односно Facebook) откако Францес Хоген сведочеше пред Конгресот за интерното истражување кое покажало дека Instagram може да има негативно влијание врз младите луѓе.

Портпаролот на компанијата потврди дека корисниците ќе имаат избор да ја активираат новата опција, но и дека ќе добијат известувања во кои ќе им се советува да ја активираат.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -