Северниот магнетен пол на Земјата постојано се придвижува, а тоа влијае на сите нас

- Advertisement -

Земјиниот магнетен северен пол не е конкретно место, туку постојано се придвижува кон север за околу 50 км. Но, последните неколку години научниците забележаа необично големо придвижување на магнетниот пол, што би можело да се одрази на нашиот секојдневен живот.

За разлика од географскиот северен пол, кој не се движи, северниот магнетен пол се „прошета“ по Канада и тргна кон Сибир. Поради промените на северниот магнетен пол секои пет години Британскиот геолошки институт и Националната океанска и атмосферска администрација издава коригирана мапа на Земјиниот магнетен пол. По таа мапа потоа се коригираат податоците во навигациите во светот.

- Advertisement -

Следната корекција е предвидена за 2020 година, но северниот магнетен пол има други планови. Имено, поради промените мораше да се забрзаат корекциите за сите кои користат компаси или навигациски системи како авионите, подморниците, но и автомобилите, планинарите или излетниците да можат безбедно да користат различни системи за навигација.

За корисниците во централната европска временска зона тие промени можеби и не се толку драстични, но корисниците во близина на северот забележуваат промени и неточности во навигацијата. Со новата коригирана мапа најзадоволна е американската војска, која и побара порана корекција за да може да биде сигурна дека нивните авиони, бродови и подморници точно да знаат каде се.

Сподели!
- Advertisement -