Вештачка интелигенција ја доврши недовршената Осма симфонија на легендарниот композитор Шуберт

- Advertisement -

За вештачката интелигенција многу се зборува и додека некои сметаат дека веќе почнала да ги заменува луѓето, други истакнуваат дека главната разлика меѓу човекот и вештачката интелигенција е во креативноста. Меѓутоа, дека вештачката интелигенција може да биде креативна и да создаде уметничко дело покажува примерот од Лондон.

Австрискиот музички гениј и еден од најголемите уметници на сите времиња, Франц Шуберт, во 1822 година ја пишувал својата Осма симфонија, меѓутоа таа симфонија освен што е позната како ремек дело, исто е позната и по тоа што Шуберт никогаш не ја довршил. Токму во таков облик веќе двеста години ја изведуваат музичари од целиот свет.

- Advertisement -

Но, денес се чини дека Осмата симфонија на Шуберт е довршена. За таквиот сензационален успех се заслужни од Huawei, вештачката интелигенција која се наоѓа во нивниот најнов Mate 20 Pro и наградуваниот композитор Лукас Кантор. Имено, новата верзија на симфонијата е создадена со помош на вештачка интелигенција на Mate 20 Pro. Уредот со помош на специјализирани апликации ја анзлириаше висината на тоновите, движењата на симфонијата, а потоа софтверот генерираше мелодија. Крајниот резултат беше претставен во Лондон, а ја изведе 66-член оркестар под водство на композиторот Лукас Кантор.

За довршување на Осмата симфонија Huawei разви посебна дигитална алатка за разбирање и развој на музика, а целиот процес траел со месеци. Притоа се користени MIDI датотеки од кои системот научил примери и структурата на делата на Шуберт.

Сподели!
- Advertisement -