До 2030 година природниот гас ќе биде најголем извор на енергија

- Advertisement -

Се очекува дека до 2030 година природниот гас ќе стане најголем светски извор на енергија после нафтата, и покрај настојувањата да се намали загадувањето и за се зголеми употребата на течниот природен гас, објави Меѓународната агенција за енергетика (IEA).

IEA, со седиште во Париз, во извештајот „Изгледи на светската енергетика во 2018” вели дека побарувачката за енергија ќе порасне на повеќе од една четвртина од 2017 до 2040 година, под претпоставка дека ќе се подобри енергетската ефикасност, додека без тие подобрувања ќе се дуплира.

- Advertisement -

Глобалната побарувачка за гас, според проценките на IEA, ќе се зголеми за 1,6% годишно до 2040 година и би била 45% повисока отколку денес. Проценките се засновани на документот на IEA, „Ново политичко сценарио“, кој го зема предвид законодавството и политиките за намалување на емисијата, како и борбата против климатските промени, а исто така поаѓа и од претпоставките за поголема енергетска ефикасност во користењето гориво, енергетска ефикасност на зградите и други фактори.

Кина, која е најголем светски увозник на нафта и јаглен, наскоро ќе стане најголем увозник на гас, а нето-увозот би требало да се приближи на нивотот на Европската унија до 2040 година.

Сподели!
- Advertisement -