Македонија повторно се најде на “30 под 30” листата на Форбес за 2019 година

- Advertisement -

На 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Форбес ја објави листата “30 под 30” за 2019 година за Европа. Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се експерти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

- Advertisement -

Токму овој модел на иновативен тренинг хаб во областа на маркетинг и пр, човечки ресурси, веб и графички дизајн, адвертајзинг итн, фокусиран на тоа да учесниците стекнат вештини и компетенции што им се потребни денес ги донесе овие двајца млади како дел од елитното друштво на Форбес по 30.

Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф (познат по улогата во Хари Потер), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно и многу други.

- Advertisement -

Само да потсетиме ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа, лани беше претставена од Нина од “Групер” и Жаре “Еден на Еден”.

 

Сподели!
- Advertisement -