Forbes го стави младиот хрватски претприeмач Иван Мрвош на листата „30 помлади од 30 години”

- Advertisement -

Младиот хрватски претприемач Иван Мрвош доби уште едно големо признание за својата работа. Угледниот магазин Forbes го стави Мрвош на својата листа со 30 млади и перспективни луѓе помлади од 30 години на кои треба да се обрне особено внимание.

„Секогаш кога ќе помислам добро е, ги освоивме сите признанија што постојат, животот ми вели не си во право. Така, денес се најдов на листата на Forbes ’30 Under 30’ во категоријата производство и индустрија за Европа. Колку што можам да забележам, најмлад сум на речиси сите листи и единствен Хрват“ вели Мрвош.

- Advertisement -

Тој додава дека ова е огромно признание не само за неговата работа, туку и за работата на целиот тим на Include. Годинава секако им почна добро со продадени производи во вредност од 148,5 илјади евра само во јануари. По многу успешниот почеток на 2019 година, ова признание е само уште еден доказ дека Мрвош и екипата работат добро.

Сподели!
- Advertisement -