ВИДЕО: Инвестицијата во научно-технолошкиот парк за сите три фази ќе изнесува 80 милиони евра!

- Advertisement -
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) го претставi концептот на новиот научно-технолошки парк во Скопје кој ќе се реализира во три фази. Деталите може да ги видите во следното видео:

Основањето на паркот е иницијатива на Владата , а се спроведува од страна на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за информатичко општество и администрација. Целта е забрзан економски раст и побрз приклучок кон светските економски и општествени текови. Научно-технолошкиот парк е простор кој под еден покрив нуди инфраструктура, услуги и пристап до финансии што ќе поттикнат раст базиран на ризик, знаење и иновации и ризик. Истовремено, паркот ќе биде место за контакт и соработка помеѓу академската заедница, студентите, компаниите и инвеститорите.

- Advertisement -

Втората и третата фаза на научно-технолошкиот парк предвидуваат изградба на нови згради и лаборатории, кои се очекува да бидат завршени до 2024 година (втора фаза), односно до 2027 година (трета фаза).

Студијата за изводливост е подготвена со финансиска и техничка поддршка од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Вкупната проценета инвестиција во научно-технолошкиот парк за сите три фази е околу 80 милиони евра.

Сподели!
- Advertisement -