Пред две години дел од најголемите огласувачи на YouTube ги повлекоа огласите затоа што нивните огласи се прикажуваа покрај проблематични содржини како што се видеозаписи поврзани со терориам, говор на омраза и сл. Тимот на Google го промени алгоритмот, а иако проблемот не е целосно решен, ситуацијата се подобри и огласувачите повторно почнаа да поставуваат огласи на овој видеосервис.
Но, откако едек корисник на YouTube неодамна предупреди на педофили кои демнат на овој видеосервис, оставаат грозни коментари под видеата со мали деца и се поврзуваат и комуницираат коментирајќи ги таквите видеозаписи, дел од голасувачите повторно одлучија да ја бојкотираат платформата на Google. Пробемот не е во самите видеа на кои децата си играат, туку во коментарите под видеата, кои се преполни со педофили.
Epic Games, компанијата која стои зад глобалниот феномен Fortnite, Nestle и Walt Disney Company се само некои од огласувачите кои одлучија да го бојкотираат Google додека компанијата не ја среди ситуацијата и да го исчисти YouTube од педофили и такви коментари. Од Google за New York Times коментираат дека ги збришале сите сметки и профили на корисниците кои оставале вознемирувачки коментари и ги пријавиле на властите. Исто така, ги оневозможиле коментарите на десетици милиони видеа на кои се појавуваат малолетници и избришале повеќе од 400 канали на YouTube поради коментарите кои ги пишувале под видеата со деца.